27 Април, 2025
0.0276

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2024 11:32

Добивај вести на Viber

Бавната и недоволната фискална консолидација, бавниот напредок во имплементацијата на програмата за реформа на управувањето со јавните финансии, како и острата критика на управувањето со државната помош се дел од забелешките на Европската комисија во извештајот за напредокот на Македонија на патот кон членството во унијата. 

Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во нивниот последен коментар посочуваат дека извештајот дава реалистична слика за отсуството на напредок или за бавен напредок на повеќе критички реформски точки за македонската економија. 

- За разлика од претходните извештаи, овој Извештај воведува нагласен критички тон за однесувањето на фискалната политика и јавните финансии во претходната година (септември 2023 – септември 2024), и тоа на неколку пункта. Постоењето на фискалните ризици, во контекст на бавната и недоволна фискална консолидација, надополнета со преземените условни обврски и вонбуџетските позиции, кои заедно со достасаните а неизмирени обврски на државата создаваат голем (и често скриен) буџетски товар, кој може да предизвика значајни негативни последици за проширување на фискалниот дефицит и јавниот долг. Ова е особено важно во контекст на растечкиот јавен долг - посочуваат од „Фајненс тинк“ во нивниот коментар.

Потоа додаваат дека ова повлекува тековна неусогласеност со фискалните правила, кои влегуваат во сила на 1. јануари 2025, според неодамна-усвоениот Законот за буџети, што претставува критичка појдовна точка за усогласување со предвидените фискални правила и фискално дисциплинирање

Неусогласеноста на фискалната со монетарната политика во време на нагласени инфлациски притисоци ии ризици во минатата година, односно експанзивноста на фискалната политика преку зголемувањето на платите на јавната администрација (септември 2023) и ад-хок зголемувањето на пензиите (септември 2024). Извештајот јасно го нагласува присутниот инфлациски ризик од ваквите потези и од продолжената експанзивност на фискалната политика.

Бавнот напредок во имплементацијата на програмата за реформа на управувањето со јавните финансии, вклучително и сè уште неусвоената програма за периодот 2024-2027.

Сè уште присутното ниско ниво на буџетска транспарентност. На стр. 26 се констатира: „Буџетската транспарентност во Северна Македонија и понатаму е ограничена, како што покажува нискиот резултат на последното Истражување за отвореност на буџетот, што е значително под глобалниот просек од 45 - се посочува во коментарот.

Додаваат оти, извештајот, за разлика од минатата година, го констатира постепеното повлекување од линеарните мерки за справување со последиците од енергетската криза (главно, ограничувањето на субвенционирањето на цената на електирчната енергија), што е во линија со забелешките и од Finance Think, а поради потребата прудентно да се управува со тенкиот фискален простор.

- Извештајот дава остра критика на управувањето со државната помош. „Транспарентноста и ефикасноста на државната помош сè уште се незадоволителни.“ Притоа, за првпат во овој Извештај посебен нагласок е ставен врз недоволните компетенции на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), што и Finance Think го нагласуваше повеќе пати во контекст на мерките за ограничување на цените и маржите наместо структурното зајакнување на Комисијата, која треба да се бори против здружувања на пазарот кои наметнуваат неконкурентски цени, посебно во сегментот храна и пијалоци. 

Дополнително, сврзано со државната помош, се нагласуваат и недоволните критериуми за избор на корисници, и сè општата недоволна транспаретност. Во остатокот од економскиот дел, Извештајот се фокусира врз потребата од структурни реформи за чие спроведување и резултати е потребен подолг рок, а тоа се областите на човечки капитал, физичка и енергетска инфраструктура и иновации, кои во најголем дел беа присутни и во претходните извештаи - појаснуваат од Институтот. 

Можеби ќе ве интересира

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика