29 Март, 2024
0.0255

Остров е на пат да стане зона каде не се мери времето, ниту работните часови

Објавено во: Свет 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Норвешки остров сака да стане првата зона без време.

Локалните жители на еден мал норвешки остров Сомарој  се надеваат дека ќе го победат времето со тоа што целосно ќе го елиминираат концептот на време, објави „Евроњуз“.

Некои од жителите на Сомарој, остров што се наоѓа западно од Тромзо и северно од Арктичкиот круг, водат кампања со цел нивниот остров да стане првата светска зона без време.

Тие повикуваат на елиминирање на работните часови на островот, со што на жителите би им се дозволило да прават што сакаат и кога сакаат затоа што нивниот однос кон времето е поинаков од кое било друго место на светот.

Во текот на зимата островот цели два месеци е во целосен мрак, а во лето сонцето воопшто не заоѓа цели два месеца – од 18 мај до 26 јули.

„Како да го мериме времето во лето кога нема ноќ? Е, па, токму поради оваа причина го правиме ова!“, напишаа тие на нивната страница на „Фејсбук“, Time-Free Zone („Зона без време„). „Овде во зоната без време, Сомарој, уживаме во секој момент од полноќното сонце и, да, кафе со пријателите во 2 часот по полноќ е сосема нормално“.

Кампањата ја поднесе својата петиција до локалниот пратеник Кент Гудмундсен минатата недела. Тој вели дека идејата за зона без време звучи интересно и дека можеби Владата, наместо да избира меѓу летно или зимско сметање на времето, треба да ја земе предвид oваа кампања како трета опција.

Посетителите на островот ја поддржуваат оваа идеја, а некои од нив дури и ги закачија своите часовници на мостот што води до островот.

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО