Остров во Грција нуди бесплатна куќа
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2019
Грчки остров ви нуди бесплатна куќа, храна, земја и 500 евра месечно.
Остров во јужниот дел на Пелопонез – Антикитера официјално има само 20 жители. Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра за сите што ќе сакаат да се преселат затоа што жители снемува.
На островот има само три села во кои доминираат претежно бели куќи и тесни улици, но има и неколку таверни и продавници.
Во близина е Крит од кој со траект може да стигнете за два часа. Антикилера е прилично дива, со недопрена природа, а морето е кристално чисто и совршено за нуркање.
Вакви мерки имаше претходно во Италија, но и во Швајцарија, каде се даваат субвенции за да се доселат нови жители.