Островот на Пабло Ескобар се продава
Објавено во: Свет 09 Јули, 2019
Oстровoт Седлбек Кеј, каде пред две години требаше да се одржи Фјур фестивалот, се продава за 12 милиони долари.
Се верува дека ова место било во сопственост на светски познатиот криминалец Пабло Ескобар и дека било дел од шверцерскиот синџир. Се простира на 190.200 квадратни метри и има седум раскошни плажи, главна куќа и неколку помали колиби.
Овој мал приватен остров, лоциран на Бахамите, стана познат по фестивалот на раперот Џа Рул и бизнисменот Били Мекфарланд, кој не се одржа, но и по супермоделите Бела Хадид и Кендл Џенер, кои го красеа промотивниот видеоспот, како и по природните убавини и пејзажи.