Островска земја на раб на рецесија
Објавено во: Економија 13 Август, 2019
Сингапур може да потоне во рецесија затоа што во вториот квартал економијата им беше со мал раст.
Оваа островска град - држава е погодена од трговската војна меѓу Кина и САД, и го има најнискиот раст од 2009 година, кога економијата им падна за 0.6% поради глобалната економска криза.
Иако годинава очекуваа раст од 1.5 до 2.5%, сега таа прогноза се сведе на 0 до 1%.
Сингапур се потпира на извозот, а Кина е најголем трговски партнер.
Се очекува во третиот кваратал економијата технички да биде во рецесија.