Остварлива ли е роденденската желба на Бујар Османи
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019
За четириесетиот роденден Бујар Османи сечеше торта а пред јавноста дури и ја откри неговата желба.
Вицепремиерот за европски прашања кој доаѓа од редовите на ДУИ има желба Македонија да добие датум за преговори со ЕУ.
На социјалните мрежи Османи постираше неколку фотографии на кои се забележува дека ја сече роденденската торта на која пишува „Заедно кон ѕвездите“.
Инаку Бујар Османи е роден на 11 Септември 1979 во Скопје.
Дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година. Дел од својата специјализација по хепато-билио-панкреатична хирургија ја заврши во Лондон, Обединетото Кралство во периодот 2006-2007 година, додека од 2012 година се стекнува со звање специјалист хирург. Од 2014 е докторант на Школата за докторски студии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.