ОСУДИ ЗА КАНАДА за легализираната марихуана
Објавено во: Свет 18 Октомври, 2018
Одлуката на Канада за легализација на употребата на марихуана за рекреативни цели им штети на глобалните напори за контрола на наркотиците и заштитата на младите луѓе од нив, соопшти органот на ОН за контрола на наркотиците.
- Канадската Влада придонесе за слабеење на меѓународната регулаторна рамка за контрола на наркотиците, стои во соопштението на Меѓународниот совет за контрола на наркотици со седиште во Виена.
Советот „е длабоко загрижен од влијанието на оваа политичка одлука врз здравјето и благосостојбата на Канаѓаните, особено на младите“, се вели во соопштението