19 Април, 2024
0.0590

Осум милиони евра од НЛБ Банка и ЕБОР за нови кредити за граѓаните и фирмите

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Домаќинствата и малите и средни претпријатија се идните корисници на поволни кредии од НЛБ Банка која денеска потпиша договор со Европската банка за обнова и развој за две кредитни линии во вкупна вредност од осум милиони евра. 

Во финансискиот пакет впрочем има пет милиони евра кои ќе бидат за поддршка на малите и на средните претпријатија, а три милиони евра за домаќинствата за инвестиции во зелена енергија. 


Парите од програмата за конкурентност треба да се употребуваат за надградба на производствените капацитети, за заштита на околината, зголемување на безбедност и квалитет на производите, сигурност во работењето. Кредитната линија од три милиони евра пак е за финансирање на инвестиции во зелени технологии, материјали и решенија во станбени згради и домови во приватна сосптвеност. НЛБ Банка е четвртатата банка која се приклучи на оваа програма која е поддржана од Европската Унија, Австрија и Инвестициската програма за западен Балкан. 

Условите за кредитите ќе бидат објавени во текот на следните два дена. Генерално, кај правните лица периодот на отплата ќе биде пет години, со грејс период од една година. Каматните стапки ќе се движат од 3 до 5 проценти. Кај физичките лица ќе има два продукти – еден потрошувачки кредит до 10 илјади евра и еден станбен кредит до 50 илјади евра. За заедница за станари висината на кредитот ќе биде до 300 илјади евра. 

„Обезбедувањето на овој финансиски пакет е од особена важност за нашите клиенти затоа што ќе им се обезбеди полесен пристап до средства за финансирање на проекти за обновливите извори на енергија, остварување на енергетски заштеди и ќе ја збогатиме понудата на банката со нови кредитни продукти, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Македонија рече дека смета дека ова е еден од начини за издигнување на македонските компании.

Тој додаде дека се размислува и за уште една кредитна линија со која треба да се помогнат компаниите кои во Македонија беа погодени од кризата.

„Програмата за финансирање на зелената економија се фокусира на кредитирање на побарувачката за енергетска ефикасност од стана на граѓаните, која продолжува и во овие тешки времиња на предизвици, но ние остануваме да им бидеме на располагање на клиентите, рече Аранитаси.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин