Осум земјотреси ја стресоа Албанија
Објавено во: Балкан 02 Декември, 2019
Осум земјотреси денеска ја стресоа Албанија.
Се работи за земјотреси со јачина од 2.5, 3, 2.4, 4.3, 2.3, 2.7, 2.2 и 2.8 степени.
Повеќето од нив се во близина на Круја, Пешкопеја и Тирана.
Бројот на жртвите од земјотресот во Албанија се зголеми на 52.
Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, на прес конференција зборуваше за состојбата по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата утрото на 26 минатиот месец.
Тој рече дека треба да се направи проценка за предизвиканата штета. Посочи дека во Албанија пристигнале многу експерти од Франција, Италија, Германија, Хрватска, Холандија и други земји.
Погодени се Драч и Туман.
Земјотреси денеска имаше во Црна Гора, БиХ и Грција.
фото АП