24 Април, 2024
0.0292

Освојте пежо 2008 во големата новогодишна наградна игра на Веро

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Веро подготви големо новогодишно изненадување за своите потрошувачи – наградна игра со многу вредни награди и најпримамливи главни премии, автомобил пежо 2008 актив (Peugeot 2008 Active) и телефон самсунг галакси ноут 20 (Samsung galaxy note 20). 

Новогодишната наградна игра „Веро повторно ве радува и со ново пежо ве наградува“ почна од 15 ноември и ќе трае до 30 декември. Покрај двете главни премии, наградниот фонд го сочинуваат и голем број вредни награди, како што се 6 таблети, 6 мобилни телефони, 6 телевизори, 6 лаптопи, 30 рачни часовници, како и по 30 вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари.

Во новогодишната наградна игра на Веро може да учествуваат сите потрошувачи кои ќе направат сметка од 300 денари за означените промотивни производи во маркетите. За секоја таква сметка добиваат купон, кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии поставени во секој Веро маркет. Секоја сабота со јавно извлекување во Веро центар во Скопје ќе се доделуваат неделни награди, односно по еден таблет, мобилен телефон, телевизор, лаптоп, по 5 рачни часовници и по 5 вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари.

- Новогодишните и божиќните празници се период на дарување и радување на оние што ни значат најмногу. За нас тоа се нашите ценети потрошувачи. Покрај хуманитарните активности наменети за социјално загрозените категории, годинава по вторпат решивме да ги израдуваме и потрошувачите со многу вредни награди. Големиот интерес за наградната игра што ја организиравме летово ни потврди дека нашите потрошувачи нѐ препознаваат како искрен партнер во кој имаат голема доверба, така што решивме да им ги разубавиме и претстојните празници – вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.

Големото извлекување на главните премии е закажано за 30 декември во Веро центар, а имињата на добитниците на неделните и на главните награди ќе бидат објавени на социјалните мрежи на профилите Веро маркети. Сите учесници во наградната игра задолжително треба да ги чуваат фискалните сметки бидејќи без нив нема да може да ги подигнат наградите. 


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот