Отишла да работи во Швајцарија, но брзо се покајала
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2018
Жена од Приједор, БиХ отишла да работи во Швајцарија, но брзо се покајала.
Лејла Османовиќ(62) вели дека маката ја натерала да прифати да чува стара жена во Швајцарија, затоа што се хранела во јавна кујна.
Таму чувала стара жена, чистела, готвела, но за месец и пол работа добила само 400 евра, а на крај наместо 6 останала само 3 месеци во Швајцарија.
Од парите кои ги добила морала да плати и пат.
Вели дека прифатила да оди во Женева затоа што немала избор и немала од што да живее.