Откако Индија забрани извоз на житарици, цените скокнаа
Објавено во: Економија 17 Мај, 2022
Индија забрани извоз на житарици, a глобалните цени се во пораст. Цените на многу производи - од леб и колачи до тестенини - се зголемија во последниот месец.
Индексот на цената на пченицата се зголеми за 5,9 отсто во Чикаго, што е највисоко во последните два месеци. Индиската забрана за извоз уследи откако топлотниот бран ги исуши житните култури во земјата и ги зголеми домашните цени на рекордно високо ниво, пишува Би-би-си. ОН информира дека глобалните цени на храната благо паднале во април, но останале за скоро 30 отсто повисоки од истиот период лани.