28 Март, 2024
0.0262

Откриена корупција кај четворица пратеници во Советот на Европа

Објавено во: Свет 17 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

На четворица пратеници на парламентарното собрание на Советот на Европа им се одземени одредени права во собранието после извештајот за вмешаност во корупциски скандал, соопшти денеска независна организација со седиште во Стазбур. Шпанците Педро Аграмунт и Жорди Сукло, Романецот Флорин Преда и Самад Сеидов од Азербејџан, привремено се лишени од одредени права бидејќи сериозно го загрозиле кодексот на однесување на пратениците. Независната истражна комисија, чии заклучоци се објавени во претходниот месец соопшти дека постои големо сомневање за корупција, во корист на Азербејџан и дека осомничени се неколкумина пратеници. Пратениците добивале кавијар, теписи, ноќевања во луксузни хотели како и паричен надоместок за лобирачки активности.

Аграмунт е казнет на период од десет години бидејќи бил претседател на парламентарното собрание и се смета дека имал клучна улога во донесувањето одлуки во корист на Азербејџан, а другите тројца пратеници се казнети на период од две години.

Казнетите пратеници нема да можат да извршуваат активности на известувачи или набљудувачи на некои избори како ни да бидат претседатели или потпретседатели на некои комисии, се наведува во образложението од Советот на Европа и се додава дека истите нема да можат ниту да бидат кандидати за генерален секретар на организацијата./ RSE


Можеби ќе ве интересира

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток