Откриени се нови вакцини со декларации со поминат рок
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2019
Во вакциналните пунктови во Македонија се најдени повеќе од 600 вакцини кои штитат од мали сипаници, рубеола и заушки со декларации со поминат рок.
Нови вакцини со погрешно залепени декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград.
Колку вакви вакцини се потрошени, односно аплицирани на децата, никој не може да каже затоа што не е познато колку вкупно биле со погрешни декларации од 28.000 колку што биле набавени од истата серија.
Од Министерството за образование велат дека не се знае дали ќе го продолжат зимскиот распуст поради епидемијата од морбили. Тие се во постојан контакт со Министерството за здравство.