Откриено како најлесно да дојдете до грчки пасош
Објавено во: Балкан 13 Септември, 2019
Стана познато колку чини да се купи пасош кај нашиот јужен сосед . И додека кај Бугарите многумина земаа државјанства по цени од 500 евра па нагоре зависно од посредникот, тоа во Грција може да го добиете бесплатно но само ако си купите имот вреден 2 милиони евра.
Грчкиот медиум „Катимерини“ го објави планот на грчката влада посочувајќи дека со намера да привлечат инвеститори планираат со секоја купена недвижнина да понудат и пасош на нивната земја.
Како што се наведува во планот кој се крчка е Грција да биде место каде физички и правни лица ќе можат да ги оданочат нивните приходи.