29 Март, 2024
0.0271

ОТПАДНА ЛИ ТРАМВАЈОТ: Од ЕБОР ќе се бара помош и пари за „автобуско метро“ во Скопје

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Дали Владата се попишмани за замислата низ метроплата да се возат трамваи?

Ова станува јасно од одлуката која беше донесена на седница согласно која се одлучува Скопје да почне да работи на проект за брз еколошки превоз.

Тоа значи дека Скопјани ќе добијат „автобуско метро“ наместо трамвај.

„Bus Rapid Transit“ значи воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или хибриден погон (плин и електромотори). 

Сепак, новиот вид на јавен превоз ќе треба физички да се одвои од сите други учесници во сообраќајот и ќе треба да се изведе траса која ќе зафати посебна сообраќајна лента во секој правец од скопските улици.

Она што е скептично кај овој проект е што допрва треба да се изработува документацијата, нешто што може да потрае подолг период. 


Според дел од експертите овој начин на јавен превоз би бил и поевтин . Имено некои пресметки покажуваат дека воведувањето на брз автобуски систем би чинело од 7 до 20 милиони евра по километар, додека за изградбата на брз трамвај ќе бидат неопходни од 10 до 80 милиони евра по километар.

Сепак многумина го поставија и прашањето дали ќе може да се изведе „автобуско метро“ да вози низ Скопје имајќи предвид дека се потребни широки сообраќајници од кои ќе може да се одземат сообраќајни ленти .

За овој проект надлежните ќе бараат пари  помош за проектот од Европската банка за обнова и развој за поддршка

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење