29 Март, 2024
0.0339

Отворен конкурсот за стипендии за школување во меѓународната гимназија „НОВА“

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Меѓународната гимназија „НОВА“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделувањестипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почнува денеска (28 јануари) и ќе трае до 14 февруари 2019, а се одвива преку интернет-страницата на „НОВА“ www.nova.edu.mk каде е поставена електронска апликација која заинтересираните ученици треба да ја пополнат. Стипендиите се доделуваат по петнаесетти пат и се наменети за ученици од цела Македонија кои го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од шесто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик.


Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување, додека останатите ученици кои ќе се пласираат во вториот круг можат да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ќе добијат најмногу 10 ученици.

Oсвен што ќе добијат целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава. Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија десет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на факултетите во Европа и во САД.


- Веруваме во квалитетот на новите генерации и нивната подготвеност да бидат дел од средината која ги охрабрува младите луѓе да се спознаат себе си и другите - велат од меѓународното училиште „Нова“.

Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт