18 Април, 2024
0.0245

Отворен новиот продажен салон, Инженеринг и Сервисен центар на Енергија ДОО

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

ЕНЕРГИЈА продолжи да ја шири својата продажна мрежа во Скопје, а овој пат на ред беше нов продажен салон во населба Визбегово на површина од 1400 м². Суштината на овој продажен салон е да се понуди најдоброто на клиентите низ целата држава. По продажниот дел,следи и сервисен дел, кој исто така е опремен по стандардите на компанијата што е и воедно единствениот центар во Македонија за топлински пумпи, чилери, VRF/Multiсистеми и инвертер клима уреди. ЕНЕРГИЈА доо е единствен официјален дистрибутер на светските лидери за климатизација TOSHIBA,CARRIERи HAIERза Македонија.


Ова е втор продажен салон на компанијата, кој е комплетно опремен со сервисен центар за TOSHIBA, CARRIER, HAIER сo 4 сервисни станици за испитување на системи, има можност за симулација на работа на чилери/топлински пумпи, инвертер клима уреди, VRF системи и е единствен сертифициран сервис за TOSHIBA,CARRIER и HAIER за Македонија. Компанијата располага со стручни лица/машински инженери кои го советуваат секој корисник според индивидуалните потреби при набавка на опрема за разни решенија.


На свеченото отворање и забавата приредена од сопствениците на компанијата, присуствуваа голем дел од нивните соработници, клиенти, пријатели и семејствата. Соптвеницте заедно со претставници од најголемите компании со кои соработуваат како Кристијан Фитц претставник на Toshiba и одговорен за Југоисточна Европа, Григорис Констас претставник на Carrier за Југоисточна Европа и Ивица Станковиќ одговорен за Haier во Јадранскиот регион, ги поздравија гостите и им се заблагодарија за довербата, лојалноста и поддршката во секое поле од работењето сите овие 14 години од нивното постоење. Во одлично расположение за коешто се погрижи бендот SouthPark сите присутни го прославија почетокот на оваа нова етапа на ЕНЕРГИЈА доо.


ЕНЕРГИЈА доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност, компанија која се води од потребите на клиентите. Располага со опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и),топлински пумпи, вентилаторски конвектори (fancoil), клима комори, клима уреди итн. Дејноста на компанијата опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн.



Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година