Отворена најголемата џамија во Турција
Објавено во: Свет 09 Март, 2019
Најголемата џамија изградена во модерна Турција е отворена за верски обреди.
Името „Чамлица“ го носи според името на ридот на азискиот брег на Босфор и може да се види од речиси сите делови од Истанбул.
Верскиот комплекс вклучува музеј, уметничка галерија, книжарница, конференциска сала, ликовно студио и голем паркинг.
Чамлица била изградена во стилот на Отоманско-Селџучки стил со елементи на современа конструкција.
Има шест минариња, четири се со височина од 107,1 метри и две со височина од 90 метри. Главната купола е висока 72 метри.
Џамијата може да опслужи повеќе од 60.000 верници (25.000 во внатрешноста, 12.500 во дворот и во надворешниот двор 22.500).