ОВА БИ БИЛ ЕКОНОМСКИ УДАР: Косово се закани на Македонија
Објавено во: Економија 08 Август, 2019
Македонија може да се соочи со царински бариери од соседно Косово.
Оваа соседна земја се закани дека ќе воведе царински бариери за увоз на македонски производи, aкo Македонија не дозволи увоз на икри од Косово.
Косовскиот министер за трговија Ендрит Шала му испрати писмо на својот македонски колега Крешник Бектеши.
Министерот Бектеши рече дека проблемот се појавил кога од 1 јуни нашата Агенција за храна и ветеринарство добила акредитација по стандардите на Европската Унија, а Косово се уште ги нема тие сертификати, но уверува дека проблемот ќе биде решен.