22 Август, 2019
0.0372

Ова е европски град кој лежи на 72 илјади тони дијаманти

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2019

Нордлинген е град во германската сојузна држава Баварија, кој е формиран врз тло богато со дијаманти кои потекнуваат од пред 15 милиони години кога астероид ја погодил Земјата.

Се проценува дека под градот има околу 72 илјади тони дијаманти.

Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била дури илјада метри, исто како и денешниот град, а неговата тежина се проценува на околу три милијарди тони. Силниот удар ги зголемил температурата и притисокот доволно за да создаде мешавина од стакло, кристал и дијаманти или суевит.

Кога милиони години подоцна се населиле првите жители тие не знаеле дека градат куќи на драгоцена земја. Со години верувале дека потеклото на кратерот е од вулканска природа, па сè до шеесеттите години на минатиот век не било познато дека станува збор за астероид. Суевитот се користел како градежен материјал без ниту најмала идеја дека истиот се состои од ситни дијаманти, па така многу објекти во Нордлинген денес се многу повредни отколку што изгледа на прв поглед.

Денешните жители на гратчето знаат дека живеат врз илјадници тони дијаманти, но тие немаат намера да го уништат градот за да се збогатат.

Туристи доаѓаат од целиот свет за да ја истражуваат блескавата архитектура и да го посетат музејот „Рис Кратер“ во кој се изложени примероци од кратерот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Награда од милион евра, ова го нуди германски град за една банална работа

(ВИДЕО) Награда од милион евра, ова го нуди германски град за една банална работа

(ВИДЕО) Со необичен потег Индонежанец ќе ги спасува шумите

(ВИДЕО) Со необичен потег Индонежанец ќе ги спасува шумите

Бразил не може да се справи со пожарите?

Бразил не може да се справи со пожарите?

Макрон: Барањето на Борис Џонсон за Брегзит не е остварлива опција

Макрон: Барањето на Борис Џонсон за Брегзит не е остварлива опција

Кои европски народи најмногу патуваат и каде?

Кои европски народи најмногу патуваат и каде?

(ВИДЕО) ДЕНОТ СТАНА НОЌ: Шумите се претворија во пепел

(ВИДЕО) ДЕНОТ СТАНА НОЌ: Шумите се претворија во пепел

ГЕРМАНИЈА ДЕМОГРАФСКИ СЕ МЕНУВА: Утврдено е колкав процент од жителите се со мигрантски корени

ГЕРМАНИЈА ДЕМОГРАФСКИ СЕ МЕНУВА: Утврдено е колкав процент од жителите се со мигрантски корени

(ФОТО) Горат „БЕЛИТЕ ДРОБОВИ“ на планетата земја: Рекорден број на пожари во Амазон

(ФОТО) Горат „БЕЛИТЕ ДРОБОВИ“ на планетата земја: Рекорден број на пожари во Амазон

Трамп ја одложи средбата со данската премиерка: Која е причината

Трамп ја одложи средбата со данската премиерка: Која е причината