Ова е град каде бесплатно се јаде од 19 до 21 часот
Објавено во: Свет 10 Декември, 2018
Oд 19 до 21 часот во италијанскиот град Милано е време за аперитив, кога баровите и кафулињата им нудат бесплатна храна на оние кои нарачале некаков алкохолен пијалак.
Но, за овој град се врзани повеќе интересни факти.
Милано е вториот најголем град во земјата, а прв по бројност и висина на облакодери.
Во црквата Света Марија во Милано се наоѓа оригиналниот мурал "Последната вечера" од Леонардо да Винчи.
Ла Скала е една од најголемите оперски куќи во Европа, а се вбројува и меѓу најпознатите во светот. Во неа, секоја вечер повеќе од 2.000 луѓе следат опера.
Во 1883 година, Џузепе Верди сакал да се запише на Миланскиот конзерваториум, но го одбиле на приемниот испит велејќи дека нема музички талент и дека не знае да свири клавир. Денес, ова место го носи неговото име.
фото Википедија