Oва е град каде на луѓето им плаќаат во биткоини
Објавено во: Економија 02 Март, 2021
Мајами е град каде на вработените им се плаќа во биткоини. Градската комисија одобри, на предлог на градоначалникот, биткоинот да се исплаќа за градските работници, а жителите и компаниите да плаќаат такси и даноци со криптовалута.
Градот се обидува го прифати биткоинот во деловната активност. Градоначалникот Франсис Суарез, вели дека тоа е потег што може да донесе профит во смисла на привлекување технолошки компании. Суарез објасни дека Мајами се стреми да стане технолошки град и да котира високо како еден од технолошки најнапредните градови во САД. Градоначалникот сака да инвестира ограничени количини на буџетски средства во биткоин.
Најпопуларната криптовалута во светот – биткоин, утрово повторно се приближува до магичната граница од 50.000 долари. Околу 10 часот, оваа дигитална паричка вредеше 49.100 долари.