Oва е поголема опасност од напливот на џихадистите
Објавено во: Свет 21 Март, 2018
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека електричната ограда по должината на границата со Египет го спаси Израел од напади на џихадистите, но и од бранот африкански мигранти.
Тој вели дека тие претставуваат уште поголема закана за државата.
„Зборуваме за една еврејска и демократска држава, но како можеме да се обезбеди таква состојба ако дојдат прво 50.000, потоа 100.000 и 150.000 мигранти за една година? По милион или милион и пол, можеби би требало да се затвориме. Но, не се затворивме, туку изградивме ограда“- рече Нетанјаху.
Од Министерство за внатрешни работи на Израел објавија дека во моментов во државата има околу 42.000 африкански мигранти. Тие најчесто доаѓаат од Судан и Еритреја. Владата одлучи дека илјадници од нив мора да ја напуштат земјата, а ако тоа не го сторат ќе бидат затворени на неодредено време, пренесе АФП.