22 Март, 2025
0.0323

„ОВА Е ПРОТЕСТ НА НАРОДОТ, НА ТАГАТА, РЕВОЛТОТ И ЖЕЛБАТА ДА СЕ ОСТАНЕ ТУКА“: Росица Кулакова пред утрешниот протест

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2025 19:36

Добивај вести на Viber

Денес официјално се приклучив кон иницијативата “Кој е следен” како претставник на целото наше семејство и гласноговорник за Фросина. Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме!  

Ова го објави на својот Фејсбук профил, Росица Кулакова, сестра на трагично загинатата Фросина Кулакова, која го загуби животот шетајќи го своето куче и поминувајќи на пешачки премин на зелено светло за пешаци на булеварот „Партизански одреди“. 

- Ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука!  16.30ч пред Универзална Сала. Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фросина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем. 17.00ч пред Влада ( извршна власт).

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата. Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата „Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата! - напиша Росица на Фејсбук. 

Потоа посочи дека протестот во 17.45 часот ќе продолжи пред Собрание (законодавна власт). Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.  Во 18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт).

- Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!  Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен. Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!   ПРАВДА ЗА ФРОСИНА - напиша Росица на Фејсбук.

Еве ја нејзината објава:


Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле

„НЕГОВИОТ ПОДВИГ ПОТСЕТУВА ДЕКА ХРАБРОСТА И ЧОВЕЧНОСТА ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ ЛУЃЕ“ - Мицкоски го посети семејството и сопругата на починатиот херој Иле

ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ДВАЈЦА ВО ЉУБЉАНА И ЧЕТВОРИЦА НА ВМА ВО БЕЛГРАД - Таравари со редовен брифинг за состојбата на повредените

ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ВО СТРАНСТВО СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ДВАЈЦА ВО ЉУБЉАНА И ЧЕТВОРИЦА НА ВМА ВО БЕЛГРАД - Таравари со редовен брифинг за состојбата на повредените