Ова е резултатот на натпреварот Хрватска - Франција
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2018
Французите покажуваат дека знаат како да играат и водат пред Хрватите.
Само неколку минути по голот на Погба за 3:1 на сцена стапи и Килијан Мбапе кој со проектил ја затресе мрежата на Субашиќ, речиси идентично како својот колега од репрезентацијата претходно за убедливо водство од 4:1 на „Триколорите“.
Манџукиќ направи притисок, а тоа резултираше со грешка на францускиот голман и погодок за хрватскиот „Супер Марио“ за 4:2 по само 70 минути игра на „Лужњики.