Ова е српско село каде Хрватите оставаат милиони
Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2019
Селото Богојево во Војводина последните неколку години е вистинска шопинг мека за Хрватите.
Купуваат евтини цигари, лекови, намирници и средства за хигиена.
Овде пазарат затоа што цените се двојно пониски од оние во Хрватска.
Затоа не е чудно што во работни денови на граничниот премин Богојево - Ерудит се чека.
Пред маркетите може да се видат возила со регистарски таблички од Вуковар, Осијек, Бели Манастир.
Голем број Хрвати доаѓаат на ручек во ова место или организираат прослави.
На овој начин оставаат и по неколку стотини милиони куни.