07 Декември, 2025
0.0316

Ова е земјата со најмоќен пасош на светот

Објавено во: Стил 26 Мај, 2018 06:30

Добивај вести на Viber

Според Henley Passport indeks Јапонија го има најмоќниот пасош на светот. 

Нивните граѓани можат без виза да патуваат во 189 земји, и затоа јапонскиот пасош ја доби оваа титула за 2018 година. 

По пет години Германија падна на второто место, а нејзините граѓани имаат можност без виза да патуваат во 188 земји, исто како и Сингапур. 

Јужна Кореја, Финска, Франција, Италија, Шведска и Шпанија се на трето место. 

Од регионот Словенија високо котира на 9 место, а нејзините граѓани можат без виза да патуваат во 180 земји. 

Хрватска е 16 и Хрватите без виза можат да одат во 169 држави, Србија е 36 и тие можат да патуваат без виза во 130 земји, Македонија е на 41 место со 125 земји, Црна Гора е 43 со 123 земји, БиХ е 47 со 118 земји, и Албанија е 48, така што Албанците без виза можат да патуваат во 114 земји. 

Во истражувањето опфатени беа 199 пасоши и 227 дестинации. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: