ОВА ГИ ВОЗНЕМИРИ ЦРНОГОРЦИТЕ: Koj фалсификува историја?
Објавено во: Балкан 26 Април, 2018
Локалните власти во Будва одлучија да ја одбележат 100-годишнината од крајот на Првата светска војна со постери од српската ослободителна армија.
На постерите пишува „Жителите на Будва кои со своите очи, во живо, на 8 ноември 1918 година го гледале маршот на српската војска извикувале ‘Ова е народен празник за паметење!’“
Oва предизвика бурни реакции во Црна Гора.
„Тоа е фалсификување на историјата. Ќе реагираме на овој напад врз државата“- изјави тој.
Постерите прво ги искритикува црногорското Министерство за култура. Министерството наведе дека Будва е ослободена кога австроунгарската војска се повлекла и без учество на странска армија.