ОВА ГО НЕМА ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РЕГУЛАТИВИ ЗА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ: Епидемиологот Кон шокиран од депортацијата на Новак
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2022
Ниту епидемиологот
Предраг Кон не остана рамнодушен по настаните во Автралија и одлуката на
Федералниот суд, првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ да биде принуден што
поскоро да ја напушти земјата.
Кон истакна дека е шокиран од начинот на кој тамошните власти се однесувале кон најдобриот тенисер на светот.
- Шокиран сум од одлуката да го депортира Новак од Австралија. Ова во никој случај не е во духот на Меѓународните здравствени регулативи, кои зборуваат за слободно движење на патници, стоки и услуги. Посакувам никогаш да не дојдеше до оваа ситуација - напиша Кон.