17 Јули, 2025
0.0349

„ОВА ЛЕТО ГРАНКАТА НЕМА ДА МИ БИДЕ ПОТРЕБНА“: Ангелов за новите возила за гаснење пожари

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2025 15:53

Добивај вести на Viber

Денеска беше презентирана првата републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари со која треба да управува Дирекција за заштита и спасување. 

Иако станува збор за армиски иполициски возила кои долг период не се користеле, тие се прнаменти и ставени на располагање на Владата и ДЗС, а според надлежните имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со пожарите и на тешко достапни терени во земјава. 

Оваа информација со јавноста ја сподели и првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој во шеговит стил потсети на неговите заложби во справување со пожарите изминатата година кога беше директор на Центарот за управување со кризи. 

ОВА ЛЕТО ГРАНКАТА НЕМА ДА МИ БИДЕ ПОТРЕБНА

Благодарение на премиерот Христијан Мицкоски, Владата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, ова лето гранката нема да ми биде потребна. Владата на располагање има противпожарни ресурси како никогаш претходно, распоредени во различни министерства или други институции.

Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри.

Денес на воениот полигон Пепелиште, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата Љупчо Димовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други, се одржа промоција на овие специјални возила со презентација на нивната противпожарна моќ - напиша Ангелов во објавата на Фејсбук. 



Можеби ќе ве интересира

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“

Уапсената докторка од Битола примила поткуп од 100 евра

Уапсената докторка од Битола примила поткуп од 100 евра

Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Декларација за стратешко партнерство

Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Декларација за стратешко партнерство