25 Април, 2024
0.0392

Ова ретко кој го преживува: Удирил во бетонски ѕид на наплатна рампа, автомобилот летал во воздух како да е играчка (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Возач на автомобил во Кина би требало да го прослави 24 ноември како свој втор роденден бидејќи преживеал страшна сообраќајка на наплатна рампа во кинеската провинција Лиаонинг.

Имено, со голема брзина налетал на бетонскиот ѕид во близина на наплатната рампа, по што автомобилот буквално се катапултирал во воздух.

Несреќата се случила околу 20 часот и 20 минути, а била снимена од надзорна камера. Шокантна снимка покажува како автомобилот брзо се приближува до патарината Шихе на автопатот Шенгјанг-Далиан.

Од непозната причина, возачот наместо да сврти на една од коловозните ленти, директно удрил во бетонската преграда. Сепак, наклонот кај разделникот делувал како совршена рампа, катапултирајќи го автомобилот кон небото, најмалку 20 стапки во воздухот. По летот автомобилот паднал директно на покривот.


Локалните медиуми јавуваат дека противпожарните бригади пристигнале на местото во 20:39 часот и констатирале дека возачот ја преживеал несреќата. Успеале лесно да го извлечат човекот од урнатините. Не се знае со какви повреди се здобил возачот, но судејќи по видеото чудо е што воопшто преживеал.

Во секој случај, обликот на преградата можеби го спасило возачот, бидејќи доколку се постават поцврсти и поправи бетонски блокови, овој судир сигурно ќе завршел трагично.


Фото и Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!