ОВА СЕ ЦЕНИТЕ: Возачи од полноќ ќе точите поевтини горива

Објавено во: Економија 22 Јули, 2019
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71,50 ден/лит. Новата цена на дизелот од ноќеска на полноќ ќе изнесува 61,5 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,914 ден/кг со што тој ќе се продава по цена од
34,167 ден/кг.
Намалувањето како што соопштија од РКЕ се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Можеби ќе ве интересира
ПЛАТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Лекарите заработуваат скоро пет пати повеќе од фризерите

MИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

ВАКВО НЕШТО НЕМАЛО ОД 90-ТЕ: Политички настан доведе до скок на фунтата

ГЕРМАНИЈА БАРА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: Еве колку се спремни да платат

ПРОГНОЗИ ОД ЕКСПЕРТИ: Еве што ги чека Германците во 2020 и 2021 година

ХРВАТИТЕ ВЕ ЧЕКААТ НА ЛЕТО: Ќе им требаат 35.000 сезонци

Елези: Се обезбедуваат средства за реновирање на студентски домови
Десет успешни компании со признанија за македонски квалитет

Заев: Пуштен најголемиот ИПАРД-проект во истoријата во Струга
