Oва се компании кои не бараат факултетска диплома
Објавено во: Финансии 17 Август, 2018
Познати компании вработуваат кадри кои не завршиле високо образование.
Платформата за вработување Glassdoor неодамна креираше листа со најдобрите компании кои од кандидатите за работа не бараат да поседуваат факултетска диплома. Меѓу нив се угледни компании како Google, Apple, IBM и Starbucks.
Заменик-директорката на IBM, Џоана Дејли, лани изјави е дека скоро 15% од вработените во оваа компанија немаат факултетско образование. Таа истакна дека наместо компанијата да бара ексклузивно кандидати со завршен факултет, IBM сега бара кандидати кои имаат искуство во boot кампови за кодирање или завршени стручни часови поврзани со оваа индустрија.