29 Септември, 2024
0.0254

ОВА СЕ МОИТЕ ЛИЧНОСТИ НА ГОДИНАТА: Кој е изборот на Бранко Азески - меѓу нив и еден премиер

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Тие се личности кои секако имаат белег, свој придонес за процесите во земјава во 2021 година. Но за Фактор одговараат кои се според нив тројцата кои ја одбележаа годината што изминува - можеа да се личности ама може да се и компании, институции. Ова е изборот на Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија.

1. Компанијата БРАКО, во услови на повеќе димензионална светска криза произведува иновативните еколошки решенија и доминира во извозна активност на машини за производство на електрична енергија и медицински помагала и опрема за пазарите во највисоко развиените економски држави во светот.

Во услови на светска криза од различни сегменти, Брако под водство на Кочо Анѓушев изработи иновативно еколошко електрично возило од брендот „Green Machines“ за одржување на хигиена на надворешни површини, пешачки зони, плочници, улици и трговски центри, чија иновативност е во зголемени перформанси на вшмукување, поголем капацитетот за филтрирање на прав, и за три пати намален број на издувни ПM честички. Електричното возило ќе биде промовирано на саем во Минхен во мај. Сериското производство почнува во јуни.


Групацијата Брако – Фероинвест произведе и опрема за две други хидроелектрани во Грузија ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“ кои веќе две години успешно произведуваат електрична енергија.

Еден од главните успеси на Брако производство на медицинскиот мебел и разни помагала за скандинавските држави.

2. Стопанската комора, со проектот „Комора на иднината“ и наградата „Дигитален шампион“ за проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење, го верификуваше концептот замислен уште во 2010 година, кога оваа институција го пласира за прв пат планот кон забрзан економски развој на Македонија и тој план во себе подразбираше и таква Комора која ќе биде ставена во интересите на тоа централно прашање. 


Наградата за дигитален шампион на Комората и ја доделија Светската трговска организација (WTO), Meѓународната Стопанска Комора (ICC) И Меѓународниот центар за трговија (ITC).

Комората на иднината и наградите кои стигаат на контото на најстарата и најмоќната бизнис асоцијација во пресрет на одбележување на својата 100-годишнина се процеси постигнати и верификувани со макотрпна и упорна работа на Комората во изминатите 15 години, кога од амбисот успеа да во своите редови денес ги има десетте најголеми, најпрофитабилни и извозно ориентирани компании, како и десетте најуспешни бизнисмени, десетте најдобри коморски кадрови во државата, десет регионални експерти итн.

3. Зоран Заев, поранешен премиер на РС Македонија

Моралната димензија на начинот на кој одлучно и непоколебливо поднесе оставка и од премиерската но и од лидерската позиција во партијата, по неуспехот на локалните избори. 


На државно, регионално и меѓународно ниво истиот Заев добива потврда и е чин кој треба да биде пракса и пример како политичките лидери треба да носат одлуки во вакви специфични ситуации. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство