Ова се најпосакувани фирми за работа во Германија
Објавено во: Економија 19 Мај, 2017
Од 10 фирми кои се најпосакувани за Германците, 5 се германски, 4 се американски и една е од Холандија.
До овие податоци е дојдено по пат на истражување на LinkedIn.
Земени се во обзир фирми кои имаат добиено најмногу апликации за работа.
Zalando, интернет ланец за облека со седиште во западен Берлин е прв на листата и вработува 10.000 луѓе.
Зад него е консултантската куќа McKinsey, а потоа е интернет компанијата Rocket Internet.
Четврта компанија е Гугл, а петта е Амазон.
Сметководствената компанија KPMG е зад нив.
Потоа следдат Аdidas, Merck од фармацевтската индустрија, SAP за производство на софтвери, а во топ 10 влегува уште и консултантската куќа Boston Consulting Group.