Ова се најубавите острови во Европа
Објавено во: Свет 16 Јули, 2019
Списанието „Travel and Leisure“ ја објави листата на најубави острови во Европа, а на прво место се најде еден грчки остров.
Најубав остров за 2019-та година е кикладскиот остров Милос, а уштре три грчки острови се најдоа меѓу првите петнаесет - Крит на второто место, Парос на четвртото место, а Санторини на петтото место.
„Travel and Leisure“ пишува дека во оваа категорија доминира Грција, а дека Милос е многу повеќе од само локалитет на кој е пронајдена Милоска Венера.