19 Април, 2024
0.0912

СВЕДОШТВА: Платите ама и политичките фрустрации ги селат граѓаните во странство

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Добар стандард, високи плати, многу можности за студенти, ова се причините поради кои младите од Македонија заминуваат во Германија.

Во оваа земја ги „мамат“ шансите за напредок во кариерата.

„Многу студенти заминуваат, им се отвораат вратите. Во последно време многу луѓе од Македонија заминуваат иако се чека, и рокот за добивање виза трае повеќе за разлика од пред 2-3 години“, вели девојка од истокот која живее во Германија неколку години.

Шанси за вработување има за квaлификувани кадри, но и за луѓето со занает.

„Многу луѓе од Балканот ја напуштаат татковината и ја бараат среќата во странство. Шансите за работа се значително подобри за младите во Германија отколку во многу други индустријализирани земји. Во Германија постојат можности за едукација и обука. Германија секогаш бара вработени за одредени стручни сектори, како што се здравствени и медицински сестри, електро инженери, компјутерски стручњаци, дури и вработени за градилишта“, вели Наташа Павлова, Македонка која живее во оваа земја.

Младите од Македонија кои се на возраст од 15 до 29 години, најчесто заминуваат во Германија, а понатаму следат другите земји членки на Европската Унија,  САД, Велика Британија, Канада и Австралија, Малта.  Ова го покажале податоците за последните пет години.

„Одлуката да живеам тука, не ја донесов јас, туку моите родители пред 12 години, а причините зошто се одлучиле за доселување овде не се финансиски проблеми, туку подобра иднина на мене и сестра ми“, вели младиот  Коста Ѓорѓиев од Струмица кој денес живее во Словенија.

Освен што се иселуваат за да најдат работа (74 отсто), да имаат поубав живот (36 отсто) и исто толку се фрустрирани од политиката, по 15 отсто заминале за да се придружат на член од семејството или затоа што мигрирале нивните пријатели, додека 29 отсто заминале од други причини. Но, има и семејства кои се иселуваат поради подобра и посигурна иднина на своите деца.


Ваквите податоци ги соопштија од збирот од невладини организации именуван како Мрежа за спречување на одлив на мозоци. 

Истражувањето го направиле Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и британската Фондација Вестминистер. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите