Ова се професиите кои се најбарани во Хрватска
Објавено во: Економија, Балкан 07 Јануари, 2019
Илјадници келнери и готвачи се потребни во Хрватска.
На подрачје на Загреб недостигаат занаетчии.
Се бараат водоинсталатери, бравари, месари, електричари.
Но, фалат и медицински сестри и техничари. Слично е и во градот Сплит. И таму се бара да се стави акцент на тригодишно средно стручно образование. Фалат градежници, возачи, хотелиери. Но, кадри недостигаат во целата земја. Затоа се советува младите да бираат стручни училишта, а на факултет да се насочат кон ИТ.
фото bizlife