25 Април, 2024
0.0271

Ова се трите нови дестинации кон кои ќе лета Виз ер од Скопје

Објавено во: Економија 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

ТАВ Македонија денеска го одбележа воведувањето на трите нови дестинации – Малта, Рим и Ваксјо, со реализација на летот од Малта на скопскиот аеродром „Александар Велики“. 

Воедно, Виз ер одлучи да инвестира во поставување на 4-от воздухоплов во нејзината база во Скопје.

На новите рути од Скопје до Малта, Рим и Ваксјо, ќе се лета со модерниот Ербас А320 со 180 седишта. 

Патниците можат да ги резервираат авионските билети на wizzair.com по цени од 1.119,99 денари.

„Виз ер, авиокомпанијата која е број еден во Македонија, продолжува со својот пораст овозможувајќи им на нашите клиенти да патуваат низ Европа и подалеку по најниски цени. Нашиот четврти воздухоплов на скопскиот аеродром ќе создаде голем број дополнителни работни места, а новите дестинации кои се додаваат на мрежата на рути, значат уште поголем избор за патниците на Виз ер од 27-те популарни авиолинии од Скопје до 13 држави“- вели  Сорина Рац, менаџер за корпоративни комуникации во Виз ер.

Новиот воздухоплов што се поставува денеска во базата во Скопје носи вкупна инвестиција во Македонија од 396 милиони долари, како и 139 вработувања, велат од Виз ер.

„Со поставувањето на 4-от воздухоплов во базата во Скопје авиокомпанијата додава и три нови дестинации – Ваксјо (Шведска), Малта и Рим, а ги зголемува и фреквенциите на некои од веќе постојните авиолинии. ТАВ Македонија ќе продолжи да работи на отворање нови авиолинии, проширување на фреквенциите на веќе постојните рути, како и на носење нови авиокомпании на пазарот, за што сме во тесна соработка со Министерството за транспорт и врски и сите надлежни владини институции“- изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Експанзијата на Виз ер во базата во Скопје носи пораст од 17% кон вкупниот годишен капацитет, вклучително и порастот на фреквенциите на некои од најпопуларните линии до: Ајндховен, Брисел (Шарлероа), Меминген (Минхен Запад), Копенхаген, Гетеборг (Ландветер) и Братислава. 

Виз ер ќе овозможи конекции на дневна основа од Скопје до популарните дестинации како што се Малме и Милхаус. Проширената ниско-буџетна мрежа на Виз ер во Македонија и понатаму ќе ја поттикнува туристичката и угостителската индустрија, притоа зајакнувајќи ги бизнис-односите меѓу земјите, истакнуваат од Виз ер.

Од почетокот на 2017 година, преку половина милион патници патувале на авиолиниите на Виз од Скопје, што претставува пораст од 12 отсто споредено со истиот период минатата година, а што во исто време поддржува 375 работни места во сродните индустрии од оваа област на работење.

ТАВ Македонија во првите шест месеци од 2017 година забележал 6% пораст на бројот на патници, споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аееродрома, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?