ОВАА НЕДЕЛА: Ова се цените по кои ќе се точат бензини
Објавено во: Економија 17 Септември, 2019
Почнувајќи од ноќеска на полноќ возачите точат нафтени деривати по повисоки цени.
Регулаторното тело согласно последната одлука од понеделникот реши да ги поскапи бензините од половина до еден денар за литар.
Тоа со други зборови значи дека возачите ќе полнат резервоари со ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69,5 денари за литар а за 67,5 ќе се продава ЕУРОСУПЕР БС-95.
За еден денар поскапо од претходната недела ќе се продава и дизелот.
Или накратко, во следните седум дена почнувајќи од ноќеска ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 62,5 денари по литар.