Оваа земја е број еден по обновливи извори на енергија
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2019
Австралија воведува обновливи извори на енергија побрзо од Кина, САД и ЕУ.
Таа би можела пет години пред рокот да ги исполни обврските од Парискиот договор за климата, покажа истражувањето на Australian National University.
Австралија е на пат да достигне 50 проценти електричната енергија од обновливи извори во 2024 и 100 отсто до 2032 година.
Според објавените резултати од истражувањето, државата воведува обновливи извори на енергија по глава на жител побрзо од која било друга земја, вклучувајќи ги и Кина, Јапонија, САД и Европската Унија.
Овој тренд би овозможил Австралија да ги исполни своите цели за намалување на емисијата на стакленички гасови веќе во 2025 наместо до 2030 година.
„Инсталацијата на обновливи извори на енергија во Австралија се забрза во текот на минатата година во однос на другите големи економии и очекуваме овој тренд да продолжи годинава и следната“, вели професорот Ендрју Блејкерес, предводник на истражувањето од АНУ.
Австралија отворила неколку големи паркови со ветерници и соларни електрани во текот на изминатата година, а брзо се зголемува и инсталацијата на соларни панели на покривите од домовите.