19 Април, 2018
0.0599

ОВАА ЗЕМЈА Е ПРЕД МАЛТА И ГЕРМАНИЈА: Има само 2.5 проценти невработеност

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2018

Најниска стапка на невработеност меѓу земјите-членки на ЕУ има Чешка 2,5%, а зад неа се Малта и Германија со по 3,6%. 

Највисоките стапки сé уште се забележани во Грција, со 20,5% во септември 2017 година, и Шпанија со 16,7%. Евростат проценува дека во ноември биле невработени 18.116 милиони граѓани, од кои 14.263 милиони во еврозоната. Месечно бројот на невработени лица е намален за 155.000 во ЕУ и 107.000 во еврозоната. Во споредба со ноември 2016 година, во ЕУ бројот е намален за 2.133 милиони, а во еврозоната за 1.561 милион. 

Стапката на невработеност во Европската унија и eврозоната во ноември 2017 година дополнително е намалена, се вели во вчера објавениот извештај на Евростат.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во 28-те земји на ЕУ, утврдена по методологија на Меѓународната организација на трудот, во ноември се намали за 0,1%, на 7,3%, што е најниско ниво од октомври 2008 година. 

И во Еврозоната од 19 држави, се намали за една десетина од еден процент, на 8,7%, а се одржува на најниско ниво од јануари 2009 година. 

Можеби ќе ве интересира

Европарламентот не се откажува, Закерберг ќе мора да сведочи

Европарламентот не се откажува, Закерберг ќе мора да сведочи

Фирми и поединци ја тужат општина Центар вкупно за 400 милиони денари

Фирми и поединци ја тужат општина Центар вкупно за 400 милиони денари

НЛБ Нов пензиски фонд за влогот на Гранит во Комерцијална банка дознале од сајтот на берза

НЛБ Нов пензиски фонд за влогот на Гранит во Комерцијална банка дознале од сајтот на берза

Сите градежни компании на берза со катастрофални резултати

Сите градежни компании на берза со катастрофални резултати

Кој доби нов мандат во Управниот одбор на Охридска банка?

Кој доби нов мандат во Управниот одбор на Охридска банка?

Кој голем акционер ќе бара отчет од менаџерите на „Гранит“?

Кој голем акционер ќе бара отчет од менаџерите на „Гранит“?

РАБОТНИ МЕСТА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО: Што ќе се случува следните месеци?

РАБОТНИ МЕСТА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО: Што ќе се случува следните месеци?

Кои се мерките и одлуките на новата Влада со кои ЕУ не се сложи во извештајот

Кои се мерките и одлуките на новата Влада со кои ЕУ не се сложи во извештајот

Кој е најскапиот хотелски кревет во Македонија?

Кој е најскапиот хотелски кревет во Македонија?