Oваа земја ќе биде број 1 дестинација и ќе ја надмине Франција
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2018
Во иднина можно е Франција да не биде број 1 туристичка дестинација во светот.
До 2030 година Кина може да ја истисне Франција од првото место по посетеност и туризам, се наведува во новиот извештај на Евромонитор Интернајшнл. Туризмот моментно е меѓу најразвиените гранки на кинеската економија.
Тие имаат најмногу туристи од Азија, Хонг Конг и Тајван.
Од почетокот на годината има 4.7 милијарди патувања.
Франција е најпосетуваната туристичка дестинација во светот, покажа извештајот на Светската туристичка организација при Обединетите нации за 2017 година. Лани во земјата пристигнале 86,9 милиони туристи. Од четврто до десетто место според посетеност изминатата година следуваат и: Кина, Италија, Мексико, Британија, Турција, Германија и Тајланд.
фото Википедија