Оваа земја не дозволува транспорт на 30 тенкови кон Србија
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2019
Транспорт на руско оружје што се движеше преку Дунав во Србија не дозволи Романија.
Станува збор за 30 тенкови и 30 оклопни транспортери, кои се пратени во согласност со договорот помеѓу Србија и Русија.
Ваков чекор преземаат поради санкциите наметнати од ЕУ за Русија во врска со ситуацијата во Украина. Оваа информација ја објави романското Министерство за надворешни работи.
„Еден од условите е дека услугите на романскиот оператор, издадени врз основа на дозвола за транзит, не мора директно или индиректно да одговараат на интересите на физичко или правно лице, институции или организации од Руската Федерација, ниту да бидат наменети за користење во Русија“, се наведува во соопштението.
Како што е наведено, за издавање транзитна дозвола за превоз на воен материјал, која може да се издаде само на романски оператор, мора да се исполнат неколку услови.
фото Википедија