25 Април, 2024
0.0488

Оваа жена тврди дека Путин наредил да ја убијат и јавно се откажува од Русија

Објавено во: Свет 19 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Руската манекенка Ана Шапиро вели дека рускиот претседател Владимир Путин лично наредил нејзино убиство во Солсбери. 

Таа тврди дека Кремљ сака нејзина ликвидација. 

30-годишната Ана и нејзиниот 42-годишен сопруг Алекс Кинг, вечерале во ресторанот „Прецо“ минатата седмица во Солсбери кога им се слошило. Таа открива дека својот сопруг го пронашла на подот на машкиот тоалет со пена во устата. Алекс се бори за својот живот, а разузнавачките кругови во Велика Британија сметаат дека можеби на парот им е подметнат стрихинин.

„Не сум го видела Алекс повторно, тој е во вештачка кома. Келнерот и јас моравме да се соблечеме до гола кожа и да се истушираме пред тестирањата“- открива таа и вели дека докторите носеле заштитни одела.

Манекенката верува дека зад овој напад стои Путин, баш како и во случајот на труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март.

Таа е пуштена од болница во понеделникот и сместена е во локален хотел каде што 24 часа ја чуваат полицајци.

Манекенката јавно се откажала од Путин, Русија и од семејството иако нејзиниот татко бил генерал, по што добила смртни закани. 

Ана е родена во Русија, но добила израелско државјанство во 2006-та година против волјата на своето семејство. Две години подоцна се преселила во Лондон каде го запознала Алекс, а минатиот месец се венчале. Манекенката смета дека руската разузнавачка служба мисли дека таа е шпион.

Инцидентот по втор пат предизвика „опсадна состојба“ во Солсбери во последните неколку месеци. 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек