19 Април, 2024
0.0321

Оваа зима препорачуваме: Битолско свежо млеко отсега збогатено со Д3 витамин

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Добро познатото Битолското свежо млеко отсега е дополнително збогатено со витамин Д3. Покрај тоа што е природен извор на калциум, лесно е за консумација бидејќи не е потребно да се вари и се консумира свежо. Со ваквиот состав ова млеко, совршено е за сите консументи особено во зимските месеци кога сончевите денови ни се ограничени. Посебно е препорачливо за повозрасната популација и нивната зголемена потреба од грижа за коските и забите.

“Битолска млекара посветено продолжува со создавање висококвалитетни производи и подобрување на сопственото производно портфолио. Како најголем производител на млеко и млечни производи во Македонија, со секој новитет ја исполнуваме нашата обврска и на потрошувачите им нудиме производ што е конкретен одговор на вистинските хранливи потреби и производ којшто нуди здравствени придобивки. Така, Битолското свежо млеко со Д3 витамин, како производ со веќе изразени нутритивни вредности, сега има збогатен состав и дополнителна вредност”, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Витаминот Д придонесува за подобра апсорбција на калциумот од млекото и подобро сврзување во организмот, а со таквиот состав се подобрува улогата и функцијата што млекото ја има во одржувањето здрав и силен имунитет. Во исто време ги развива и зачувува природните функции на коските и мускулите, а значаен е и за одржување здрави заби. Токму заради широкиот опсег придобивки, здравствените лица препорачуваат дополнително внесување на витаминот Д3 кога природното е ограничено.

“Витаминот Д има огромна, значајна улога во телото, а посебно е потребно дополнително внесување во зимските месеци и периоди кога се ограничени сончевите денови, а со тоа и природното снабдување. Потребата од овој витамин за структурата и јачината на коските е толку силна што не се менува во зависност од возраста или годините. Со помош на витаминот Д во млекото, калциумот успева подобро да се апсорбира и сврзе во нашиот организам, а со тоа и да ја зајакне цврстината на коските, што е исклучително важно кај постарата популација при превенција од повреди и остеопороза. Од огромна важност е и кај децата, за правилен раст и развој и за одржување здрав имун систем“, изјави доцент д-р Виктор Камнар, Специјалист ортопедски хирург.

Битолско свежо млеко со Д3 е произведено од најквалитетно домашно млеко и според највисоки производни стандарди, со што претставува премиум производ за здрав живот и правилна исхрана.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година