ОВИЕ НЕДВИЖНОСТИ СЕ ПРОДАВААТ ШТОМ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ОГЛАСОТ! Високата побарувачка е диктирана од моменталната состојба на пазарот

Објавено во: Економија 28 Април, 2025 07:18
Пазарите на недвижности во земајва и во соседството последниве години стануваат се пораздвижени, и тргувањето добива голем публицитет.
Како што јавуваат медиумите од соседството, на пазарот на недвижности во Србија, иако цените на квадратурата рушат рекорди, постои еден иот кој буквално „пламнува“ штом се појави - најевтините недвижности. Без разлика дали станува збор за мали станови, стари куќи за реновирање или земјиште во внатрешноста на Србија, побарувачката за нив е огромна.
Имено, според медиумите во соседна Србија, најголем интерес има за ефтини недвижности со мала квадратура, стари куќи на село, но најбрзо се продаваат гарсониери со површина до 30 квадратни метри.
- Најголем интерес има за куќи во помалите градови и села, чии цени се движат од 5.000 до 20.000 евра. Луѓето се спремни да инвестираат во стари згради што можат сами да ги реновираат, особено ако куќата доаѓа со малку земјиште. Овие имоти се барани за живеење, но и за колиби, мини-фарми и бегство од градската врева.
Исто така, голем хит се студијата и помалите станови до 30 квадратни метри во предградијата на поголемите градови, како што се Белград, Нови Сад и Ниш. Ако цената по квадратен метар е околу 1.000 евра, ваквите станови се продаваат за рекордно време, честопати дури и пред огласот да стане широко познат - посочуават од Агенциите за тргување со имот.
Главната причина е достапноста. Во време кога купувањето просечен стан е само сон за многумина, најевтините недвижности претставуваат вистинска шанса да станете сопственик на нешто - дури и ако тоа бара дополнителни инвестиции. Луѓето сè повеќе бараат алтернатива на стандардниот живот во зградите и се свртуваат кон природата, поголемите дворови и приватноста што можат да ја обезбедат селските куќи.
Онлајн рекламите, локалните агенции, па дури и усни препораки играат клучна улога. Најдобрите понуди ретко траат долго - недвижностите што се достапни и сè уште се во солидна состојба ќе се продадат за само неколку дена.
Извор: Ало.рс
Можеби ќе ве интересира
„Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина“

Во последен момент измена на Законот за енергетика? Цени на струјата и горивата ќе ни одредуваат експерти новодојдени од енергетски компании

Во очекување на трговски договор: пазарите во режим на претпазливост

Мицкоски: На 20 мај Народна банка ќе добие гувернер

ЕУ СО НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА - меѓу новите 17 мерки се цели кон „флотата во сенка“ и воената индустрија

ТРАМП ЈА „ПРЕГРНУВА“ КИНА И УДИРА ВРЗ ЕВРОПА: Брисел е последен на ред за трговски договор со Америка

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија

Фактор анализа ГЕВГЕЛИЈА 2024: Кој ги врти големите пари во Гевгелија? „Од станица до граница“ лани направија 225 милиони евра!!!

ЧИСТ ПРОФИТ ОД 680 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - „Адинг“ во првиот квартал имаше добра заработка, но каква е споредена во однос на лани
