Oвој град е еден од најдобрите за инвестирање во Европа
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2017
Financial Times го прогласи градот Иванец од Хрватска за најдобар за инвестирање во категорија на градови со 100.000 жители.
Овој град привлекол голема сума на пари од ЕУ фондовите и затоа е ставен на листата на „паметни“ хрватски градови.
Само во август градот добил 3,66 милиони куни од ЕУ за 11 проекти.
Им се помага на претприемачите, а само во канцеларијата која е отворена за таа намена има вработено 10 луѓе со високо образование.
Пред 7 години градот иницираше промена на образовни програми кои биле стари и по 20 години.