Овој политичар сака да биде помоќен од Меркел во Европа
Објавено во: Свет 16 Јули, 2017
Иако се сметаше за пион на германската канцеларка, Ангела Меркел, сепак еден од европските политичари сака да биде помоќен од неа.
Како што пишува агенцијата Франс прес, зад подобрувањето на германско - француските односи стои и ривалството меѓу Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон.
„Дипломатскиот пуч“ со тоа што Макрон го пречека неодамна рускиот претседател Владимир Путин и го покани на прослава на државен празник, американскиот претседател Доналд Трамп е преземање на лидерството во Европа.
„Франција повторно е во игра“ - оцени претседателот на Фондацијата Шуман, Жан Доминик Џулијани.
Германската канцеларка неколку години беше доминантна на европската дипломатска сцена.
Меркел највеќе беше цитирана во англосаксонските медиуми по одлуката на Британија да ја напушти ЕУ.
Поранешниот француски претседател, Франсоа Оланд поради економски проблеми во својата земја немаше време да одлучува за важни прашања за ЕУ и да се натпреварува со Меркел.
Се очекува дека работите ќе бидат појасни по изборите во септември во Германија.